ИГОР РИЗОВ, КОМАНДИР НА ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА:ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА ИМАВМЕ ВКУПНО 142 ИНТЕРВЕНЦИИ НА ПОЖАРИ, А САМО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ТОЈ БРОЈ Е 72.

WEB Телевизија во живо

Од почетокот на годината па се до денеска, 16 август 2021 година, пожарникарите на ТППЕ Гевгелија интервенирале на вкупно 142 пожари на териториите што ги покрива оваа Територијална противпожарна единица, односно во општините Гевгелија,Богданци и Дојран, информираше денеска командирот на ТППЕ, Игор Ризов. Она што е за одбележување, истакна Ризов е фактот што поради пеколните горештини и интензивно високите температури кои ја зафатија државата и Гевгелија, половина од вкупниот број на пожари од почетокот на 2021 година се случиле само во последните три месеци, дури 72.
Од овие пожари , 20 отпаѓаат на полските пожари, 11 на шумски пожари, 8 на пожари на објекти и технички интервенции при сообраќајни незгоди а пожарникарите интервенирале дури 14 пати на градската депонија. Остатокот отпаѓа на пожари на отпадни материи фрлени на диви депонии.
Сакам да потенцирам, изјави Ризов, дека само за два дена, на 3 и 4 август 2021 година, се случија 3 поголеми пожари и тоа на шумскиот појас покрај грчко-македонската граница, пожарот близу Богородица над хотел-казиното „Скај Синот Топ“ и на патниот правец Гевгелија- Негорци. При овие пожари беше зафатена огромна површина борова шума, некаде над 40 хектари, а во нивното гаснење учествуваа, освен пожарникарите, и вработените од ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, вработените од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, БП „Шимов“, граничната полиција, ПС- Гевгелиај, како и голем број граѓани..
На крајот командирот Ризов уште еднаш, во име на ТППЕ- Гевгелија упати апел до граѓаните на општината за совесно однесување, особено што и во наредниот период се очекуваат високи температури. Граѓаните да внимаваат при фрлањето на отпушоци од цигари, а сопствениците на земјоделски површини да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *