ГРЦИЈА ИЗГРАДИ ОГРАДА НА ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА:НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ МИГРАНТСКИ БРАН КАКО ОНОЈ ОД 2015 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Грција ја заврши изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и постави нов систем за надгледување со цел да се спречи мигрантски бран како во 2015 година.
Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, истакна портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.
За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, Иконому рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заедничко справување со ситуацијата и со евенуалната хуминатрна криза што би произлегла.
„Сигурно е дека нема да дозволиме земјата да живее сцени од 2015 година, ниту на островите, ниту на другите влезни точки, ниту на автопатите, ниту на железничките линии, ниту во урбаните средини“, рече тој.
Според грчкиот министер Михалис Хрисохоидис, кризата во Авганистан создаде можности за нови напливи на мигранти.
„Не можеме да чекаме пасивно. Нашите граници ќе останат безбедни и непроодни“,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *