ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ЖИВКО ЈАНЕВСКИ 4-ТИ НА СВЕТОТ ВО ФИДЕ АЛБУМОТ 1914-2018 ЗА ШАХОВСКИ КОМПОЗИЦИИ.

WEB Телевизија во живо

Истакнатиот македонски велемајстор за шаховски композиции(создавање шаховски проблеми и студии), гевгеличанецот Живко Јаневски е на високото 4-то место според бројот на поени(267,83) во албумот на Светската шаховска федерација(ФИДЕ) во периодот 1914-2018 година. Пред него се само Бугаринот Петко Петков,на првото, Французинот Мишел Кајо, на второто и Украинецот Михаил Марандјук, на третото место.
ФИДЕ албумот е официјална антологија на најдобрите шаховски композиции.
Живко Јаневски е двократен Светски шампион во компонирање на шаховски проблеми , група помошни матови, и тоа на Првото поединечно Светско првенство во компонирање на шаховски проблеми во Санкт Петерсбург, Русија 1998 и на Второто поединечно Светско првенство во Порторож, Словенија, 2002 година. На Третото поединечно Светско првенство во компонирање на шаховски проблеми, одржано во Евиа, Грција, го освојува третото место во групата самоматови и четвртото место во групата помошни матови. За каков меѓународен велемајстор се работи, покажува и освоеното прво место и златен медал на шаховската олимпијада во компонирање помошни матови, во Нови Сад, во 1991 година.
Инаку, тој е роден во Гевгелија, на 4 август 1953 година. Работел како програмер во фирмата Гемаком-Компјутери во Гевгелија, а од 2017 година е пензионер. Со шахот и проблемскиот шах активно почнува да се занимава од 1967 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *