ДЕНЕС ПОЧНУВА ПРЕЛИМИНАРНАТА РУНДА ВО ФУТСАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ЗА ЖАЛ БЕЗ ПУБЛИКА!!

WEB Телевизија во живо

Како што веќе информиравме, Гевгелија беше избрана како град-домакин на прелиминарната рунда во футсал ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ, каде македонскиот претставник КМФ ПРОЕКТ ќе ги пречека своите противници од Израел, Малта и Велс.
Натпреварите од групата “А” ќе се одиграат на 21, 22 и 24-ти Август во спортската сала 26-ти Април во Гевгелија.
За жал пред 2 часа стигна соопштение од домаќинот „КМФ ПРОЕКТ“ од Јосифово во кое се вели:
„КМФ Проект“ ги известува љубителите на футсалот и своите симпатизери дека согласно одлуката на владата нема да се дозволи присуство на публика во затворен простор за престојните натпревари од квалификациите за Лигата на шампиони.
Сите натпревари ќе може да ги следите во живо на нашиот фејсбук профил, а дуелите во недела и вторник ќе бидат и директно пренесувани од МРТВ.
Со почит,
КМФ Проект
Така денеска двата натпревари, од 17 часот помеѓу екипите на „Луксол Ендрус“ од Малта и „Цефн Друидс“ од Велс, и од 20 часот, помеѓу „КМФ Проект“ од Македонија и „Долфинс Ешдод“ од Израел, љубителите на футсалот ќе може да ги проследат на ФБ профилот на КМФ ПРОЕКТ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *