ЗАМЕНЕТИ 470 НАТРИУМОВИ СО НОВИ ЛЕД СВЕТИЛКИ СО КОИ СЕ ДОБИВА ПОДОБРО И ПОШТЕДЛИВО ОСВЕТЛУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Покрај отстранувањето на дефектите, во општина Гевгелија се врши и замена на натриумовите со нови лед-арматури, така што досега се поставени 470 лед- светилки, од кои 368 оваа година. Со поставувањето на новите лед светилки се добива подобро осветлување, голема заштеда на електрична енергија како значително намалување на трошкови за нивно одржување. На булевар „Гевгелија“, од кружниот тек со улица „М. Пецанов“, заменети се сите натриумови араматури од 250 вати и поставени нови лед-арматури од 150 вати. Исто така, старите арматури беа заменети со нови 100-ватни лед-светилки на ул. „М. Тито“, од Касарната до Железничка станица, на улицата „Железничка“ (од ул. „Илинденска“ до ул. „С.М.Данко“), на улицата „7-ми Ноември“ (од „Винојуг“ до стариот Пазар), како и на улица „Г.П.Одреди“. 150-ватни нови лед-арматури беа поставени и на улиците „С.М.Данко“ и „Радован Ковачевик“.
Нови лед-арматури беа поставени и во населените места Негорци, Миравци и Богородица. Комплетно ново лед-осветлување е поставено и во паркот до Железничка станица. Исто така, значително се подобри осветлувањето на улиците „Коле Неделковски“, „Љубљанска“, „Сава Михајлов“, „Железничка“ и „Панче Пешев“, каде сите канделабри беа заменети со нови лед-светилки. Нови лед-арматури беа поставени и пред ООУ „Ксте Мисирков“ и улица „Таља Бикова“. Додека, нови лед-рефлектори има поставено и на училишните игралишта кои работат со тајмер до 24 часот.
Паралелно со замена на натриумовите арматури, се врши проширување на уличната мрежа на улици кои досега немаа улично осветлување. Се планира и осветлување на други локации, каде што има потреба од истото. Изведувач на работите е компанијата „АБА ПЕЛИВАНОВ ДООЕЛ“ од Фурка, Дојранско, која на тендерската постапка имаше најповолна понуда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *