АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНИЈА“ СО КОНЦЕРТ ПОД МЕСЕЧИНА, ГИ ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ И ДОКАЖА ДЕКА Е ВИСТИНСКИ РЕПРЕЗЕНТ НА МУЗИЧКИОТ ГЕНЕТСКИ КОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

WEB Телевизија во живо

Во автентичниот амбиент, во дворот на црквата Свети Спас, под светлото на месечината, АнсамблотМакедонија сношти одржа целовечерен концерт кој предизвика аплаузи на отворена сцена од многубројната публика. Тие ги изведоа сценските адаптации: “Садило”, “Гачке”, “Грабиле гу Смиљану девојку”, ората “Тешкото”, “Чангулово”, песните “Ајде зајди зајди”, и на волшебен начин не пренесоа во едно минато време, време на народните обичаи, песни и ора, кое ансамблот преку своите кореографии го чува за идните генерации.
Ансамблот Македонија е долгогодишен соработник на ЈОУ Дом на култура „Македонија“, кој воедно беше иницијатор и организатор за овој спектакл заедно со поддршка од свештенството на гевгелиската парохија
Составен од студенти од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, овој ансамбл е вистински репрезент на македонската традиционална култура. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци, со кого раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетскиот код на еден народ. Токму затоа настапите на Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставуваат предизвик за гледачите во музички и мисловен смисол. Тие го тераат и најиндиферентниот гледач да запее или заигра во ритамот кој се пренесува музички виртуозно и издржано, притоа давајќи нова, оригинална и веродостојна порака за разноликоста на македонската традиционална игра како и квалитетната музичка вклопеност на инструментите кои со векови опстојувале на овие простори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *