ВАСКА ЕФТИМОВА : РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КРОВОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО МИРАВЦИ

WEB Телевизија во живо

На ООУ „Климент Охридски“- Миравци му се одобрени финансиски средства од Министерството за образование и наука на РСМ за реконструкција на кровот од источното крило на училишната зграда. Имено, Училиштето се најде на ранг-листата меѓу 36 училишта од државата кои доставија апликации на проекти до 15 април, 2021 година, за реновирање на училишни објекти на општинските основни училишта, на Јавниот повик од МОН.
Директорката на ООУ „Климент Охридски“- Миравци, Васка Ефтимова, истакна дека со овој проект значително ќе бидат подобрени условите за престој на учениците. Бидејќи, уште од самата изградба на училишната зграда, кровот при обилните дождови прокиснува, а самата влага предизвикува материјална штета во училниците на горниот кат. Исто така, директорката најави дека е изработен проект и за реконструкција на кровот на Подрачното училиште „Ристо Динев“ во населеното место Милетково. За што ќе биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач. Проектот ќе се реализира со финансиски средства од Буџетот на училиштето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *