ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, НИКОЛА КОВАЧЕВ И КРИСТИНА УЗУНОВА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВЕЧЕРВА НА МЕМОРИЈАЛНАТА ТРКА ВО ЧЕСТ НА МИЛЕ ЈАНЕВСКИ-ЏИНГАР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА.

WEB Телевизија во живо

Тројца атлетичари, членови на АК „7-ми Ноември“ ќе учествуваат вечерва на Меморијална атлетска трка а по повод 50 години од раѓањето на Миле Јаневски Џингар, во Македонска Каменица.
18:00 часот, на 24. 07.2021 година, е резервиран термин за почеток на атлетската трка од 10 километри, која започнува од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и завршува пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица. Трката во природа ќе биде организирана според безбедносните протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.
„Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.
Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *