ТОДОР ПЕТРОВ: ЕГЗОДУСОТ НА 30-ТЕ ИЛЈАДИ МАКЕДОНСКИ ДЕЦА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ. СЕ ОДБЕЛЕЖАА 72 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Со едноминутно молчење за загинатите и протерани Македонци од Грција и положување свежо цвеќе на споменикот на децата бегалци во Скопје се одбележаа 72 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која најголеми жртви даде македонскиот народ.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Александар Јаневски се заблагодари на државите кои ги прифатија децата бегалци од војната со што им овозможиле шанса за нов живот на насилно истераните луѓе во егејскиот дел на Македонија.
-Остануваме посветени на унапредувањата на правата и положбите на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Елада. Остануваме посветени на враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите македонци од егејскиот дел на Македонија, вели Александар Јаневски.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров порача дека егзодусот на 30 – те илјади македонски деца не смее да се заборави и дека чествувањето е сведоштво за најголемата трагедија во историјата на македонскиот народ по Втората светска војна.
-Договорот Заев- Борисов од 1.8.2017 и спогодбата Димитров- Коѕијас од 17.6.2017 не се решение на македонското прашање туку санкционирање на Букурешткиот договор од 1912.. трајна промена на името на државата Македонија и на идентитетот на македонскиот народ. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ, вели Тодор Петров.
Во граѓанската војна во Грција која траела од 1946 до 1949 година биле прогонети повеќе од 50.000 македонци. Од нив најголем дел заминале во Југославија и во источноевропските земји. Првиот собир на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија се одржал во Скопје на 30ти јуни 1988та година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *