СПЕКТАКУЛАРЕН НАСТАП НА АКИ РАХИМОВСКИ И ДАДО ТОПИЌ СО БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА „БАЛКАН ГАЛА ФЕСТ“ ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

На Битола, минатата среда и се случи тридневен музички фестивал на кој може да и позавидат и многу поголеми градови на балканот. Станува збор за оригинален музички настан што понуди три различни гала-концертни вечери кои тематски беа поделени на „Рок симфониска вечер“, Поп и Електро вечер, сето тоа придружувано од Битолскиот камерен оркестар,составен од 30 музичари, како домаќин на оваа манифестација. Сепак овации предизвика вечерта наречена Рок Симфонија. сНастапија легендарниот фронтмен на Парни Ваљак, Аки Рахимовски и многу добро познатиот рокер Дадо Топиќ. Публиката се потсети и уживаше во нивните хитови кои никогаш не се забораваат. На истата вечер светските најдобри рок хитови ги презентираа нашите најдобри домашни вокали: Дани Димитровска Михајло Трaјковски – Сак Бранислав Николов(Фолтин) Жарко Јакимоски Наташа Миха Сашо Паркет и Ирена Димовска Елена Стојчевска сите заедно придружувани од Камерниот Оркестар на Битола. Беше тоа уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *