СОВЕТНИЦИТЕ УТРЕ ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДУВААТ ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ И „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ЗА ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТОК ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА

WEB Телевизија во живо

На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и на независниот советник Томе Ќичуков, на утрешната седница на Советот на општина Гевгелија ќе се најде Предлог иницијативата на наставниците од Основните општински училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ за исплата на надоместок за прекувремена работа на оние наставници кои одржуваа физичка настава во учебната 2020/2021 година.
Имено, дваесеттина наставници од Основните училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков испратија Барање до Градоначалникот на општина Гевгелија и до Претседателот на Советот на општина Гевгелија во кое ги запознаваат со нерешениот проблем со исплата на надоместок за прекувремена работа на оние наставници кои одржуваа настава со физичко присуство, а кој надоместок им следува согласно Законот.
Овие наставници од прво, второ и трето одделение, согласно Одлуките донесени од Владата и законските измени прилагодени кон условите на пандемијата од коронавирусот, целата измината училишна година, наставата ја изведуваа во две смени, односно паралелките кои имаа над 20 ученици беа поделени во две групи поради заштита на здравјето на учениците, нивните родители и на наставниците. Така, наместо наставата да се изведува со паралелката во еден училишен час и со сите ученици, паралелките беа поделени во две групи, и наставата за една паралелка се одвиваше во два училишни часа.
Со ваквиот начин на изведување на наставата, велат тие во своето барање, се зголемил и обемот на работа на секој од наставниците, односно тие работеле прекувремено, за што имаат право на зголемена плата, за која Министерството за образование има обезбедено средства, а, која до денеска не им била исплатена.
Затоа, наставниците бараат од Директорите на овие две училишта, за секој од нив да се изврши пресметка колку прекувремени часови поминале на своите работни места, за тоа да ја известат Општината, како би се обезбедиле средства за исплата на надомест за нивната прекувремена работа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *