СО ДОГРАДБА НА ПАТОТ НЕГОРЦИ – СЕРМЕНИН СЕ ОТВОРААТ МОЖНОСТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА РУРАЛНИОТ И ПАРАГЛАЈДЕРСКИОТ ТУРИЗАМ
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и одобри на општина Гевгелија осум милиони денари за изградба на последната делница од локалниот пат Негорци-Серменин. Со ова конечно завршува неговата целосна изградба и се постигнува целта за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини. Исто така, се отвораат големи можности за развој на руралниот туризам како и развој на параглајдерскиот туризам, бидејќи во близина на населеното место Серменин веќе е почната изградба на полетна стаза за параглајдеристи.
Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.