СЕЌАВАЊЕ НА ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ, КОЈ ПРЕД ТРИ ГОДИНИ ЈА ОСТАВИ НЕДОВРШЕНА СВОЈАТА МУЗИЧКА И ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

WEB Телевизија во живо

Се навршија три години од смртта на Влатко. Ние, гевгеличани ќе го помниме Влатче, освен по музичките хитови, така и по театарската претстава „Вејка на ветерот“ на режисерот Јани Бојаџи, со која настапи, со голем успех во Народниот театар на 22 јуни 2012 година.
Замина најубавото момче од естрада, најпрекрасните светли очи – беше честиот коментар на социјалните мрежи, посветен на поп и рок, пејачот Влатко Илиевски (33), по неговата ненадејна смрт пред три години.
Илиевски не беше личност која ќе ги демантираше медиумите или пак ќе влезеше во конфликт поради објавени шпекулации. Оставаше народот да одбере во која вистина ќе верува и во повеќето случаеви се испоставуваше дека сепак, се било само борба за читаност, маркетинг…
Влатко Илиевски е познат по неговите песни “Панично те сакам”, “Скопје”, “Ти си”, “Ова е Македонија”, “А ти ме убиваш” (сите со групата „Морал“) “Не те можам”, “Taка требало да биде”, “Се што сакав после тебе”, “Сите ми се криви”, “Гушни ме”, “Скитник”, “Најбогат на свет“, со која освои награда на Радискиот фестивал 2009 година. Во неговата дискографска кариера ќе останат запишани и хитовите “За љубов се пее до крај” со која освои награда на „Охрид фест“ 2009 година како и „Работнички шампионе”, „Есен“ и “Среќа” со која го освои второто место на „Скопје фест“ 2010 година.
Објави два самостојни албуми а во 2011 година со песната „Русинка“ ја претставуваше Македонија на Изборот на песна за Евровизија во Дизелдорф, Германија.
Пет дена пред неговата смрт, на втори јули Илиевски го прослави својот 33 роденден.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *