ПРЕД 79 ГОДИНИ НА ГАРНИЗОНСКОТО СТРЕЛИШТЕ ВО СОФИЈА СТРЕЛАНИ СЕ НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ И АНТОН ПОПОВ, МАКЕДОНСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ И ПАТРИОТИ

WEB Телевизија во живо

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.
На денешен ден пред 78 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, на гарнизонското стрелиште во Софиjа беа стрелани двајца видни Македонци – Никола Вапцаров и Антон Попов, основачи на Македонскиот литературен кружок во Софија, формиран во 1938 година. Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел.
Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.
Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт… На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *