ПОВТОРНО ГОРЕШЕ СТАРАТА ДЕПОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Вчера, во попладневните часови околу 17:25 часот, до ТППЕ- Гевгелија е пристигната пријава за пожар кај старата депонија, под Прочистителната станица. Од страна на ТППЕГевгелија се преземени мерки за локализирање на пожарот, делувајќи со две пожарникарски возила и 5 пожарникари. Од огнените јазици се зафатени површина со трева и капини. Со брзата интервенција на пожарникарската екипа е спречено проширување на огнот до околните земјоделски површини со жито. Од ТППЕ- Гевгелија истакнаа дека причината за пожарот е подметнување и дека се работи за човечки фактор. Бидејќи пожарот не е изгаснат, денеска од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија е испратена екипа за гаснење и расчистување на настанатите штети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *