ОТКРИЕН ОБЈЕКТ СО МОЗАИЦИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТАКИНА ЧЕШМА КАЈ ВАЛАНДОВО

WEB Телевизија во живо

Со археолошки истражувања е утврдено дека архитектонските остатоци од двете страни на колскиот пат на античкиот локалитет во Валандово претставуваат една просторија со мозаични подови над 500 квадратни метри
Дел од просторија со мозаик изработен во техниката опус тесилатум е откриен на објект работно наречен Римски домус, на античкиот локалитет Стакина Чешма во Валандово, локалитет којшто се смета за уникатен и препознатлив по своите впечатливи подни мозаици..
Според техниката на обработка и стилските одлики на мозаикот откриен во дел од просторијата на Римски домус, археолозите утврдиле дека остатоците од двете страни на патот претставуваат една просторија, односно дека станува збор за еден репрезентативен објект со мозаични подови над 500 квадратни метри.
Стакина Чешма е археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува населба од римското време. Наоѓалиштето лежи на 50 метри јужно од центарот на градот, од двете страни на суводолицата што се спушта кон Анска Река. Во 1973/74 година Археолошкиот локалитет Стакина Чешма е евидентиран во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век и континуирано се истражува од 1987 година, под раководство на сега веќе пензионираната кустос-советничка од Археолошкиот музеј на Македонија, Мила Шурбановска, која е дел од стручниот тим и при ова истражување.
Раководител на проектот е проф. Антонио Јакимовски, кораководител е Радомир Ивановиќ, кустос во истиот музеј, а стручниот тим го сочинуваат и Пенче Кралев, археолог од домот на културата „25 Мај“ од Валандово, археолозите Перо Синадиновски и Игор Ширтовски, како и Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп. Паралелно со овој проект на Археолошкиот музеј, во соработка со Заводот и музеј во Струмица, под раководство на археологот Ване П. Секулов, во тек е изработка на проект за конзервација на културното наследство на локалитетот Стакина Чешма.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *