ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ИВАН ПЕНОВ, ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ КОШАРКАР НА КК „КОЖУВ“

WEB Телевизија во живо

Во чест на Иван Пенов, гевгелискиот кошаркар, кој прерано и трагично го загуби животот, се организира Меморијален турнир во баскет 3×3.
Меморијалниот турнир ќе биде официјално отворен утре (29 јули) и ќе трае до 4 август, а натпреварите помеѓу пријавените екипи од Општина Гевгелија ќе се одиграат на кошаркарското игралиште позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија.
Меморијалниот турнир има натпреварувачки карактер, односно за победниците во категориите: 2000-2005 г., 2006-2011 г. и екипи од 4 играчи се предвидени парични награди, за прво место 400, за второ 200, а за трето место 100 евра. Ќе биде прогласен и победник во шут за 3 поени, а доделени и признанија за МВП на турнир и МВП на финале.
Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ваквата иницијатива е поддржана од локалната самоуправа бидејќи младиот спортист со неговото дело и придонес за развивање на гевгелискиот спорт заслужува да има спомен-обележје во градот, а ќе покрене иницијатива пред Советот на Општина Гевгелија ова кошаркарско игралиште да го носи неговото име.
Целта на оваа акција е името на Иван Пенов да остане запаметено, со тоа што игралиштето ќе го користат сите деца кои сакаат да спортуваат и играат кошарка, продолжувајќи го патот на прерано згаснатиот кошаркар. Овој Меморијален турнир, кој се одржува во пресрет на неговиот роденден, 4 август, ќе биде традиционален.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *