МВР ЗАПЛЕНИ МАРИХУАНА ВО ВРЕДНОСТ ОД 150.000 ЕВРА. ПРЕСЕЧЕН МЕЃУНАРОДЕН КАНАЛ ЧИЈ ОРГАНИЗАТОР Е ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, беше спроведена истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија.
Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина на марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана.
Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.
По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра, по што сите се лишени од слобода.
Во координација со СВР- Струмица, СВР-Охрид и РЦ Југ извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга каде од слобода се лишени М.А. и Д.Д. (инаку поранешни вработени во МВР). За време на претресите пронајдени се голем број на мобилни телефони со СИМ картички, додека кај И. К. пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои лицето ги поседувал без дозволи.
За сите превземени активности известен е надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, при што по комплетирање на целокупната документација против наведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од КЗ на РСМ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *