МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИЕЦ ВО ТАЕКВОНДО, ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ДЕНЕС ВО 14,45 ЧАСОТ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЗЛАТО ПРОТИВ РУСИНОТ ЛАРИН

WEB Телевизија во живо

Во финалето, Георгиевски ќе се бори со Владислав Ларин од Русија. Мечот започнува во 14:45 часот
Mакедонскиот олимпиец, Дејан Георгиевски, ќе се бори за златен медал на Олимписките игри во Токио. Георгиевски, во таеквондо во категорија над 80 килограми, стигна до финалето по победата во полуфиналето над Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.
Во полуфиналето, Георгиевски ја забележа својата најубедлива победа, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6. Георгиевски, пред тоа го победи актуелниот светски првак, Рафаел Јуниер Алба Кастилјо, од Куба, со 11:8, како и Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Пласманот на Георгиевски во финале на Олимписки игри е прв за земјава во кој било спорт по пауза од 21 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *