МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР СО ВАЛАНДОВСКО ПОТЕКЛО, МИТЕ ЗАНОВ, ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ СВОЈАТА НАЈНОВА КОЛЕКЦИЈА „SPECTRUM“

WEB Телевизија во живо

Деновиве, младиот моден дизјанер од Валандово, кој живее и работи во Скопје, Мите Занов, со фотосесија ја презенитираше својата најнова модна колекција. Тој изјави дека „SPECTRUM” е колекција во која се раскажува приказна за еден од основните ликовни елементи – бојата.
Сите сме различни, сите зрачиме со различна светлина, сите сме различна боја и тоа е тоа што не прави посебни. А од тука доаѓаат и клучните зборови кои ја карактеризираат оваа колекција, боја, светлина и транспарентност.
Имајќи ги овие зборови како водечки, се создадоа 10 изгледи, монохроматски решени, односно секој изглед е во една боја од глава до пети-појаснува Занов.
Додава дека моделите од новата колекција се изложени и достапни во студио ,,Занов”, а се наменети за сите девојки и жени.
Митко Занов, беше студент на ФОН,на Факултетот за дизајн и мултимедија, насока моден дизајн, а првиот настап со свои креации му беше на Модниот викенд-2010 во Скопје.
Тој и е познат на јавноста по голем број на соработки со наши јавни личности. Зад себе има соработки со Тамара Тодевска, Јана Бурческа, групата Ај Кју, учесниците од Македонски Идол и други лица од естрадата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *