И ПО ЕДНА ГОДИНА МУРАЛОТ „НОЌЕН ТАНЦ“ НА МИЛЕ НИЧЕВСКИ И М.Ц НЕ ПОТСЕТУВА ДА БИДЕМЕ ЗАЕДНО И СПЛОТЕНИ И ВО АРНО И ВО ЛОШО

WEB Телевизија во живо

Помина една година откако на приватната куќа на улица „Маршал Тито“едно јулско утро, 2020 година, осамна муралот кој предизвика интерес кај секој гевгеличанец кој поминал крај него, а кој не само што ја облагороди фасадата на самиот објект туку и остави засекогаш универзална порака која директно реферира на солидарноста на локалната заедница за време на пандемијата,
Овој мурал и денес повикува на повторно обединување во социјалните релации и блискост на комшиите но со држење на физичка дистанца. Муралот повикува на солидарност на комшиите, на заедништво во борбата со пандемијата која во изминативе неколку месеци потполно го редефинира секојдневното живеење. На муралот во еден дел стои и натписот на гевгелиски дијалект „И уф арно и уф м`ка комшијата е тука”, што во „превод”значи „Комшијата и во арно и во лошо”.
Автори на муралот се уметникот Миле Ничевски во соработка со М.Ц, и е во продукција на ФР~У во партнерство со БОШ ФЕСТИВАЛОТ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *