ГЕВГЕЛИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ ТРИ ОПШТИНИ СПОРЕД ПРОЦЕНТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ГРАЃАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

WEB Телевизија во живо

Според статистиката на Министерството за здравство, Општина Гевгелија е една од трите општини со највисок процент на вакцинирани граѓани против КОВИД-19. Прворангирана е Општина Кавадарци со 43,5%, второрангирана е Општина Охрид со 42,9%, а на третото место е Општина Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани има во: Дебар со 17,3%, Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.
Инаку, преку теренската вакцинација во населените места на Општина Гевгелија и соседните општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија, до денеска се вакцинирале 613 граѓани и тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран и Стар Дојран. Утре, 21 јули 2021, теренската вакцинација продолжува да се спроведува во Мрзенци од 08:00-10:00 часот,во Прдејци од 10:00-12:00 часот и во Смоквица од 12:00-13:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *