ЕЛЕНА БРЗИЛОВА, ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“:„НАЈГОЛЕМИОТ СТИМУЛ ЗА ОВОЈ УСПЕХ МИ БЕШЕ ГОЛЕМАТА ПОСВЕТЕНОСТ И ЉУБОВТА КОН СИТЕ ОБВРСКИ И АКТИВНОСТИ ВО СИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ“

WEB Телевизија во живо

Согласно правилникот и критериумите, Наставничкиот совет при СОУ „Јосиф Јосифовски“ донесе едногласна одлука, Елена Брзилова да биде избрана за Првенец на генерацијата. Во текот на средното образование, според образложението на Наставничкиот совет, Елена Брзилова имала одличен континуиран успех, примерно поведение, вложен труд, се залагала за училиштето и локалната средина, постигнала успех во слободните ученички активности, учество на натпревари и освоени награди и пофалници.
За нашата телевизија, Елена кратко ни изјави :
„Среќата да се биде меѓу најдобрите е неизбежна. Најголемиот импулс и стимул за успех, покрај големата посветеност и континуитет, е љубовта кон сите обврски и активности во текот на овие четири години.
Своето понатамошно образование ќе го продолжам на Архитектонскиот факултет, кој се надевам ќе ми ги отвори вратите кон успешен и исполнет живот.“
Признанието на Елена Брзилова и симболична награда ќе и бидат доделени на свечена манифестација во организација на Средно-училиштниот центар. На истата манифестација, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ќе и го врачи решението за парична награда, во висина од 10.000 денари..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *