ДР. СОФИЈАНОВА: ЗАСПАНИОТ ИМУНИТЕТ КАЈ ДЕЦАТА ПОРАДИ КОВИД МЕРКИТЕ – МОЖНА ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦАТА ВО ГЕВГЕЛИСКО.

WEB Телевизија во живо

Доктор Аспазија Софијанова денеска во Гевгелија изјави дека и во други градови има случаи на горнореспираторна симптоматолија кај мали деца и дека ќе се испита дали станува збор за вирус, мутација на вирус или за паразит.
Екипа од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводена од доктор Аспазија Софијанова, денеска, по бараната лекарска помош за дечињата со респираторни инфекции, пристигна во Општата болница во Гевгелија да изврши дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика и подршка на локалните педијатри.
„Не само во овој регион,туку и во други градови има зголемен број на деца со горнореспираторна симптоматологија. Доаѓаме со комплетна опрема за да земеме цел респираторен панел и точно да утврдиме дали се работи за вирус, мутација на вирус или за некој вид на паразит, но тоа ќе го знаеме откако ќе направиме прелиминарен увид во клиничката слика на дечињата, во дијагностиката што ја носиме со себе и дијагностиката што вчера ја направиле колегите од Гевгелија“, рече Софијанова.
Директорот на болницата во Гевгелија Митко Крџев рече дека денеска се хоспитализирани само две дечиња на одделението во гевгелиската болница, мал дел биле препратени во Скопје, и дека 20 дечиња се на терапија, но не се задржани во болницата.
Началничката на детското одделение во Гевгелија д-р Урумова нагласи дека дечињата се на возрат од 2 до 5 години, дека воглавно доаѓаат од градинки за што потврда е намалениот број на деца во градинките.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков изрази благодарност најнапред до тимот на детското одделение при општата болница Гевгелија за благовремената реакција и лекување на заболените дечиња и до брзата реакција на Министерството за здравство кое веднаш упатија екипа од Детска клиника да земат дополнителни материјали. Тој порача до граѓаните на општината да нема никаква паника бидејќи ситуацијата е под контрола а до вечер ќе биде позната причината за овој голем број на заболени деца,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *