ДОКТОР ЕПИДЕМИОЛОГ САШКО ОЛУМЧЕВ:ОД ДЕЛТА СОЈОТ ЌЕ СЕ ЗАШТИТИМЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА.НАРЕДЕН ТАРГЕТ НА ОВОЈ СОЈ КОЈ Е 60 ДО 70 ПРОЦЕНТИ ПОЗАРАЗЕН ЌЕ БИДАТ ДЕЦАТА ДО 14 ГОДИНИ

WEB Телевизија во живо

Mоменталната епидемиолошка ситуација во регионот кој го покрива нашиот Институт за јавно здравје е стабилна, ни изјави доктор епидемиолог Сашко Олумчев од Институтот за јавно здравје Велес, подрачна единица Гевгелија.
Тоа се должи, пред се на на вакцинираните лица кои се на завидно ниво и кои се вакцинираа во Гевгелија, Кавадарци, Скопје, како и на евидентираните до сега 2.200 инфицирани пациенти од Ковид-19. Ако оваа бројка ја помножиме со два, вели Олумчев, доаѓаме до една респектабилна бројка на вакцинирани и прележани граѓани кои може да го подигнат природниот имунитет на нашето подрачје.
Сега сме во исчекување на она што ќе се случува со делта сојот, продолжува Олумчев. Моите прогнози, кои ги искажав уште пред два месеци се дека овој сој ќе ни направи сериозни проблеми во наредниот период, со оглед на тоа што овој сој битно се разликува од од оној првичен Ковид-19. Ако се земе во предвид дека тој е 60 до 70 проценти позаразен од Алфа сојот и дека не треба дистанца од два метри, туку само блиц контакт за да се добие инфекција, тогаш работата е, истакна Олумчев повеќе од сериозна.
Затоа, истакна доктор Олумчев, сметам дека мерките на олабавување, граѓаните погрешно ги сватија. Тие мерки Владата ги ублажи не за да одиме масовно на одмор во земјава и странство, туку да ни помогнат да почнеме економски да функционираме и колку толку да се вратиме во некоја нормала, но, потенцира Олумчев, истовремено да продолжиме да ги почитуваме превентивните мерки, носење маски и држење дистанца.
Затоа, повторувам уште еднаш, дека до моментот кога ќе постигнеме каков таков колективен имунитет, ние мора и понатаму, вели доктор Олумчев, да ги почитуваме овие мерки.
Според мене, целокупната ситуација околу Делта сојот, во идниот период ќе ја комплицира фактот што нареден таргет на овој сој ќе бидат децата до 14 години, за кои до сега нема дизајнирано валидна вакцина, и кои ќе заболуваат наредните месеци.
На мислење сум, истакнува докторот, дека учениците треба да се вратат на физичка настава, и поради квалитетот на наставата но и поради социјалното дружење. Но, треба да се подготвуваме и за втората варијанта, доколку Делта сојот ја нападне училишната популација, треба да го одбереме пред се здравјето.
Се ќе зависи, заклучува Олумчев, од тоа каква ќе биде бројката на заразени во месец август, и ако таа нагло почнува да се зголемува јас предлагам почетокот на училишната година да биде одложен барем за еден месец.
Во врска со зголемениот број на мали пациенти од предучилишна возраст на детското одделение во Општата болница, а кај кои се јавува вирусна бронхопневмонија со лесна и потешка клиничка слика, доктор Олумчев истакна:
„Нешто се случува што е непознаница и за нас, докторите. Грип не е, зошто не му е сезоната, респираторен вирус може да е, но вакви симптоми не кореспондираат со времето во кое се јавува. Затоа испративме материјали во Скопје на геномско секвенционирање, за да видиме дали се работ за Делта сојот или за респираторен вирус.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *