ДО ДЕНЕС, ПРВА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ПРИМИЛЕ 8.666 ГРАЃАНИ, А РЕВАКЦИНИРАНИ СЕ 2.321

WEB Телевизија во живо

Според статистиката на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, која ги покрива општините Гевгелија, Богданци и Дојран, досега прва вакцина примиле 8.666 граѓани, додека ревакцинирани се 2.321 граѓанин. На двата вакцинални пункта во Општата болница во Гевгелија, прва доза вакцина против КОВИД19 примиле 7398 граѓани од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. Додека, ревакцинирани се 2.321 граѓанин. Заклучно со петок, преку теренската вакцинација прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 1.268 жители и тоа од населените места: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани, Ѓопчели, Фурка и Ѓавото.
Теренската вакцинација денеска продолжува во Богданци, а завршува утре, 27 јули, во населените места Моин, од 8 до 10 часот и Ново Конско, од 10 до 12 часот Населението не постаро од 60 години се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. За децата и младите од 12 до 17- годишна возраст имунизацијата е со вакцината на „Фајзер“. Со согласнот на родителите и добиен термин по претходно пријавување на апликацијата vakcinacija.mk.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *