ДЕНЕСКА Е РАЃАЊЕ НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ – ИВАНДЕННА ОВОЈ ДЕН СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА. ДУРИ И СОНЦЕТО ДЕНЕСКА „ЗАСТАНУВА“ТРИ ПАТИ

WEB Телевизија во живо

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…
Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата.
Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.
За денешниот ден се поврзани многу обичаи и верувања, особено за девојките кои се немажени и кои сакаат да станат мајки. Не се работи во лозјата ништо, се верува дека седум дена лозјата најмногу напредуваат бидејќи ги чува Свети Јован. Водата добива посебна моќ, па сите се капат во реките, потоците и езерата, билките и тревите имаат засилени лековити дејства и затоа се берат и се плетат венци од нив како лек против болести.
Се верува дека немажените девојки денеска во саксија треба да засадат малку жито, а на Петровден треба да видат дали никнало засаденото. Ако има прстени, тогаш сигурно ќе се омажат есента.
Се верува дека водата добива посебна моќ, па сите се бањаат во реките, езерата или морињата. Се собираат лековити билки и се прави венец од нив, а тие штитат од разни болести.
Се верува дека оние кои сакаат да имаат дете на денешниот голем празник треба да поминат под венец од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, за да нема уроци. Жените треба да посетат и жени по име Стана и Станка ако сакаат добра бременост и здраво бебе.
Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *