ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОПУЛАЦИЈАТА. 60 ПРОЦЕНТИ ОД МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАТА! МОЖЕ ЛИ ОВА ДА СЕ ЗАПРЕ?

WEB Телевизија во живо

Според податоците на Обединетите нации, над 500 илјади граѓани се иселиле од Македонија во изминатите години. Светската банка информира и дека невработеноста кај младите во Македонија изнесува 50,08 проценти, додека најновиот извештај на Евростат покажува дека речиси 40 отсто од младите немаат работа и не се вклучени ниту во процесот на образование. Ваквите состојби поттикнуваат голем дел од нив својата иднина да ја гледа надвор од државата.
Секој 11 јули се одбележува Светскиот ден на популацијата. Едно истражување, направено од страна на британската Фондација за демократија на Весминстер, на репрезентативен примерок на млади на возраст од 15 до 35 години, покажува дека 63 проценти од испитуваните млади наши сограѓан(к)и не се задоволни од сопственото место во општеството, додека 58 проценти чувствуваат неизвесност за сопствената иднина во земјата. Дури 80 проценти тврдат дека државата не нуди перспектива за младите.
60 проценти од младите во Македонија би се иселиле од државата. Во овие последни 60 проценти има уште една дополнителна драматика: само 20 проценти од членовите или поддржувачите на некоја политичка партија би се отселиле од државата, а останатите 40 проценти се непартиски определени млади. Тоа укажува дека „партиските“ млади се чувствуваат побезбедно во таборот отколку младите кои одбрале да останат на ветрометина, надвор од партиските прибежишта.
Може ли Македонија и како да го запре иселувањето на населението, кое од година на година зема сѐ поголем замав и постои ли начин да започне процес на враќање на иселените граѓани назад во државата.
Иселувањето од државата од економски причини, заради подобар живот и подобра заработувачка, не е нов феномен во Македонија и во светот. Печалбарството, иселувањето или миграциите, како што некои истражувачи го нарекуваат овој феномен, низ времето се одвивале со различен интензитет и различни форми, но во денешна Македонија статистиките наведуваат дека последиците од оваа појава сериозно водат кон депопулација на населението.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *