ЧЕТВОРИЦА ГЕВГЕЛИЧАНИ ТРГНАА ПЕШ КОН КРУШЕВО ВО РАМКИТЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ 2021.

WEB Телевизија во живо

Четворица гевгеличани, Бошко, Тони, Кристијан и Ангел, вчеравечер, откако го добија благословот во манастирската црква „Свети Спас“ за нивниот петдневен марш, тргнаа пеш кон историското Крушево, да присуствуваат на прославата на 118 годишнината од Илинденското востание. Поминувајки низ Гевгелија, тие се поклонија пред гробот на Леонид Јанков и споменикот на Сава Михајлов, легендарните гевгелиски војводи.
„Ова е голем адет кој мора да си го исполниме, не заради нас и нашите илинденци од 1903-та, туку за нашите деца, за младите да не заборават кои се нашите корени, од каде потекнуваат, какви биле нашите војводи, што работеле, за што се бореле“, во еден глас истакнаа сите четворица од дворот на црквата „Свети Спас“.
На патот кон Крушево, тие ќе се движат по маршрутата Гевгелија-Миравци, Миравци-Демир Капија, Демир Капија-Ваташа, Ваташа- Прилеп и Прилеп –Крушево.
Организатори на маршот се Унијата на млади сили и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *