ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ „МАКЕДОНИЈА“ ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ СПАС“

WEB Телевизија во живо

Реномираниот и добро познат професионален Ансамбл „Македонија“,повторно гостува во Гевгелија, на задоволство на сите вистински љубители на традиционалната македонска игра и песна. Целовечерниот концерт ќе се одржи на 21.07.2021 (среда), со почеток во 20:00 часот во дворот на манастирот Свети Спас во Гевгелија во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ и свештенството на гевгелиската парохија. Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставува вистински репрезент на македонската традицонална култура. Формиран 2012 година, во чии состав се уметници кои се образовани кадри во доменот на традиционалните културни вредности. Исто така со Ансамблот раководат врни кадри со стручно образование во областа на традицијата под раководство на Проф. д-р Владимир Јаневски, уметнички директор и доктор по етнокореолошки науки. Сценските адаптации со кои се претставува ансамблот на големите фестивалски сцени претставуваат вистинско уживање за публиката. Ансамблот досега има реализирано над 10.000 концерти и настани ширум државата и надвор од неа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *