БЕТОНИРАНА УЛИЦАТА НА ВЛЕЗОТ ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА СЕРМЕНИН

WEB Телевизија во живо

 Заврши уредувањето на улицата во туристичката населба Серменин, од влезот до селската црква, во должина од 650 метри. По градежните работи за тампонирање, нивелирање и бетонирање кои ги изведе фирмата „Мансард“, оваа улица стана функционална за жителите кои имаа поднесено барање за уредување на истата. А, влезе во листата на планирани улици за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2021 година. Вредноста на целиот проект изнесува 2.751.182 денари, за кој се издвоија средства од Буџетот на Општина Гевгелија. Се со цел да се подобри патната инфраструктура во ова место, каде последниве години значително се развива руралниот туризам и се зголемува туристичко-угостителската понуда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *