АПЛИКАЦИЈАТА CHALENGER ОД ДЕНЕС ТЕ НАГРАДУВА ЗА СЕКОЈ КИЛОМЕТАР ПОМИНАТ НА ВЕЛОСИПЕД.

WEB Телевизија во живо

Oвaa среда се лансираше новата функционалност на македонската мобилна апликација Challenger – од сега ги наградува и корисниците кои активно возат велосипед и кои штедат CO2 емисии преку зелени километри.
Со Challenger, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пеш или пак на велосипед, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди.
Се што треба да направи корисникот е да ја интегрира Challenger со познатата апликација STRAVA за да ги наградуваме километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот потребно е корисникот да јавклучи STRAVA за да почне истата да ги мери километрите.
До сега броиме 6.000 корисници и 40+ бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни. Нашата цел се исполнува преку две димензии, односно го поттикнуваме приватниот сектор да ја вметне зелената агенда во нивниот бизнис модел, а од друга страна градиме заедница на т.н.Чаленџери кои живеат одржливо” – изјавуаат од тимот.
Оваа апликација во изминатиот период доби многу признанија, а воедно е партнер на тековната кампања IT4Charity
Приклучи се и ти во борбата за почист воздух и симни ја Challenger на твојот мобилен телефон. Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.
Време е да ја вклучиме човечкатамоќ (Human Power ON) и да делуваме на климатските промени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *