ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА НАСТАПИ НА 11-ТА РЕПУБЛИЧКА ПЕНЗИОНЕРСКА РЕВИЈА НА ПЕСНИ, МУЗИКА И ИГРИ

WEB Телевизија во живо

На денешниот настан во Скопје , настапија групи од осум Здруженија на пензионери од Македонија, организатори на Регионалните ревии на песни, музика и игри, меѓу кои беше и Здружението на пензионери од Гевгелија
Сите тие се претставија со по една музичка нумера. Здружението на пензионери од Гевгелија настапи со песната„Стариот фенер згаснува“.
Ревијата, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ја отвори Претседателот на Владата Зоран Заев.
Во своето обраќање тој ги поздрави пензионерите истакнувајќи ја нивната важна улога како градители на нашето општество.
Покрај премиерот Заев, на настанот се обрати и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери ,Станка Трајкова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *