Учениците од денеска одат на распуст. Заврши првата учебна година која се изведуваше под посебни услови заради пандемијата. Збогум на училиштето, наставниците и пријателите, но и на онлајн наставата. Ја нема онаа препознатлив врева во училишните дворови, весели насмевки и поздрави на учениците, но ќе има оценки за сите нив.
Учењето од далечина имаше разни потешкотии, како за наставниците, така и за учениците, a богами и за родителите. Анализите и резултатите ќе покажат колку била успешна оваа учебна година. Останува да видиме, и да се надеваме дека од септември, повторно ќе се вратат сите ученици на онаа добро позната традиционална настава во своите училници. Денеска, и во гевгелиските основни, и во средното училиште, официјално заврши учебната 2020/2021 година. Додека траеше онлајн-наставата, наставниците и учениците од гевгелиските училишта не беа спречени да постигнуваат успеси на општинско, регионално и државно ниво. Учествуваа на онлајн- натпревари, изработуваа проекти, ги одбележуваа Патроните празници и сл.
Од Комисијата за заразни болести потенцираат дека за тоа каков ќе биде стартот на новата учебна година 2021/22, ќе дискутираат во август.
-Се ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба во тој период. Ќе ги направиме сите потребни анализи и потоа ќе донесеме одлука. Важно е да бидеме внимтелни, бидејќи искуството од сите овие изминати месеци покажа дека се соочивме со вирус кој досега беше непознат за науката и кој беше крајно непредвидли, велат од Комисијата за заразни болести.