ВО НЕДЕЛА НИКОЛА КОВАЧЕВ, РИСТО ЧАЛКОВ И ИГОР КОЦЕВСКИ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ ЌЕ ТРЧААТ НА „HALK ECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ“ А ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА НА ПОПОВА ШАПКА

WEB Телевизија во живо

Традиционалнататрка HalkEco Скопје Трча 10КМ оваа година ќе се одржи на 13ти јуни,во недела,со почеток од 7:30 часот.Стартот и целта на овогодинешната десет километарска трка ќе бидатна улицата Илинденска, пред фонтаната Лотос.Оваа брза уличнатрка повторно ќе ги исполни скопските улици со спортски и позитивен дух.
Стартните пакети учесниците ќе може да ги подигнат во петок и сабота, на 11 и 12 јуни,во период од 12:00 до 19:00 часот, во кугланата на СРЦ „Борис Трајковски“.Натпреварувачите, пред стартот на трката ќе бидат поделени во пет стартни боксови, согласно одбраното време за трчање и ќе трчаат еден круг.
Ќе се трча од стартот на булевар Илинден, во правец кон Карпош 4, па лево од улицата Никола Парапунов до булеварот Партизански одреди, каде што ќе се врти десно во правец кон Ѓорче Петров, а кај мостот Влајко ќе се врти полукружно на раскрсницата со Ангел Динев, потоа ќе се трча по булеварот Партизански одреди до раскрсницата со улица Љубљанска, каде ќе се врти полукружно и ќе се трча до раскрсницата со улица Никола Парапунов, по што ќе се трча до самиот крај на улицата и ќе се врти десно на булеварот Илинден, по кој ќе се трча до целта, кај фонтаната Лотос.
Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите. Деталите за протоколите и препораките на тркатасе објаснети на следниот линк:https://www.skopje.run/page20.html…
Сите учесници ќе мора да ги почитуваат протоколите, во спротивно нема да можат да ја започнат трката. Носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank, а генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и Спорт на Р.Македонија.
Исто така во недела, Валентина Узунова ќе учествува на трката Titov Vrv SkyRace со старт од Попова Шапка и тоа во должина од 21 километар со висинско искачување од 2100 метри, по суров терен кој е над 2000 метри надморска височина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *