ВО АВСТРИЈА ЗАПОЧНА НАЈТЕШКАТА АВАНТУРИСТИЧКА ТРКА „RED BULL X-ALPS“

WEB Телевизија во живо

Со истрел од старо оружје во центарот на Салцбург, минатата недела започна 10-то јубилејно издание на „Ред булс икс-Алпс“, најтешката авантуристичка трка на планетата. На 12-дневното патување преку Алпите тргнале 29 натпреварувачи од 15 земји. Учесниците во текот на патувањето ќе трчаат, планинарат и ќе летаат со параглајдер, 1.238 километри до Мон Блан (Франција) и назад, и ќе поминат 12 контролни пунктови во пет држави. Нивната конечна цел е Зел ам Си, планинско одморалиште покрај езеро.
Натпреварувачите и покрај жешкото сонце тргнале од центарот на Салцбург, поминале низ старото градско јадро, па преку реката Салцзак почнале да се искачуваат по стрмните патеки. Целта на првата етапа бил врвот Гаисбер, висок 1.228 метри, а до него прв стигнал 20-годишниот австриски дебитант Томас Фридрих. Втор бил Мајкл Гирлач од Полска, а трет Максим Пино од Франција. По првиот контролен пункт, следната дестинација е Вагрин-Кленарл, 65 километри јужно, од каде што учесниците се упатуваат кон Кицбил, каде што мораат да се потпишат на таблата на познатата скијачка патека Хахнекам.
Учесниците се на различна возраст, од 20-годишниот Фридрих, кому ова му е прво искуство, до 61-годишниот Јапонец Каоро Огисава, кој се натпреварува шести пат. Најголемо внимание привлекуваат шесткратниот победник Кристијан Морер, кој се надева дека ќе ја освои седмата титула по ред годинава и Пино (29), кој ќе се обиде да ја прекине неговата доминација. Интересно за ова издание на трката е тоа што движењето на натпреварувачите може да се следи во реално време на интернет-страницата на натпреварот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *