УТРЕ ПРИСТИГНУВААТ 1500 ВАКЦИНИ НА СИНОВАК ВО ДВАТА ВАКЦИНАЛНИ ПУНКТА ВО ГЕВГЕЛИСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА

WEB Телевизија во живо

Директорот на Општата болница со проширена дејност, Митко Крџев најави дека од утре, среда, 30 јуни 2021 година, ќе продолжи масовната вакцинација на граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, со новопримените 1500 вакцини на фирмата Синовак.
При тоа тој истакна дека дневно, во времето од 07,30 до 19 часот се планира да бидат вакцинирани по 400 граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk и оние кои се пријавиле на „Мој термин“ за вакцинација во Општата болница во Гевгелија.
Тој потенцираше дека сите граѓани кои се пријавени за имунизација во други пунктови по градовите во Републиката, нема да можат да бидат вакцинирани во Гевгелија, туку вакцинирањето треба да го остварат таму каде и се определени.
Директорот упати апел до сите граѓани на трите општини, да се придржуваат до закажаниот термин за вакцинација, да не доаѓаат пред време пред двата вакцинални пункта во Општата болница во Гевгелија, како би се избегнале непотребните гужви и нервози на овие високи летни температури.
На крајот, директорот Крџев најави дека по вакцинирањето на сите граѓани од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, а кои аплицирале преку „Мој термин“, во вакциналните пунктови во Општата болница во Гевгелија ќе може да се вакцинираат и сите други граѓани без никаква најава. За тоа, рече тој, граѓаните ќе бидат дополнително и благовремено информирани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *