УСПЕШЕН НАСТАП НА ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, АТАНАС ЕПОВ И НИКОЛА КОВАЧЕВ, ЧЛЕНОВИ НА АК „‘-МИ НОЕМВРИ“ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

WEB Телевизија во живо

Атлетичарите на гевгелискиот клуб „7-МИ НОЕМВРИ“ продолжуваат со своите настапи на трките кои се организираат во нашата земја. Така, денеска, тројца членови на овој клуб настапија на јубилејното петто издание на трката „Охрид трчат“, еден од најдобрите спортски настани што се организираат во Охрид.
Во трката на 5 километри, во машка и женска конкуренција, на стартот на трката се појавија вкупно 647 натпреварувачи. Во машка конкуренција, Атанас Епов, меѓу 403 учесници, го освои одличното 9-то место со време од 21 минута и 12 секунди.
Во оваа трка победи Муџахид Мислимоски со време 18 минути и 38 секунди, втор финишираше охриѓанецот Дејан Ангелоски со време 19.06, а најдобрата тројка ја комплетираше Мичел Дочкалек (19.37). Кај дамите триумфираше Николина Милевска Велјаноска со време 24 минути и 17 секунди, Елена Даниловска финишираше втора со 11 секунди задоцнување (24.18), а трет заврши минатогодишната победничка Бојана Наумвоска (24.45).
Во полумаратонската трка, на 21,1 километар, во женска конкуренција настапија 45 натпреварувачки, а членката на АК „7-ми Ноември“, Валентина Узунова со време од 2 часа и 1 минута, го освои 11-то место. Во машка конкуренција, меѓу 143 учесници, Никола Ковачев, нејзиниот клубски колега со време од 1 час и 56 минути, се пласираше на 71-то место.
Во оваа трка Ранчиќ делницата од 21 километар ја помина за време 1 час, 18 минути и 27 секунди, додека Кираџиева, која втора година е најдобра кај дамите триумфираше со време 1 час, 31 минута, 29 секунди. Второпласиран во машка конкуренција беше Александар Кираџиев (1.19.43), а трет финишираше Кокан Ајановски (1.21.12). Кај дамите втора на подиумот заврши Весна Кираџиева (1.40.40), а трета финишираше Маја Рајчина (1.42.09).
Во тим билдинг на 21 километар во машка и женска конкуренција победи „Најк ран клуб“ од Скопје, а во тим билдинг трките на 5 километри триумфираше ИПА.
На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ“ учествуваат околу 650 натпреварувачи, а се беше организирано според мерките и протоколите за време на пандемија на коронавирусот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *