УПИСОТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ПОЧНУВА НА 14 ЈУНИ. ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ Е ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ ЗАПИШАТ 286 УЧЕНИЦИ.

WEB Телевизија во живо

За упис во средно образование наредниот месец ќе има три пријавувања, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, поточно на 23 август, за што ќе достават доказна документација.
Конкурсот за упис во прва година во учебната 2021/2022 година, кој беше објавен на крајот на март, предвидува во 109 средни училишта вкупно 30 053 слободни места во 913 паралелки. Од нив, 19 602 во стручно образование во 604 паралелки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.
 
Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за учебната 2021/2022 година според утврдени наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми, и тоа во гимназиско образование 136 ученици, и во угостителско туристичка струка, машинска струка, економско-правна и трговска струка и здравствена струка, 150 ученици.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *