УЧЕНИЧКАТА ЗЛАТКА ПЕТКОВА НАГРАДЕНА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР 2021“

WEB Телевизија во живо

На распишаниот конкурс за наградени песни и автори на VI Меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” свои поетски творби испратија над 300 поети и поетеси од Република Македонија и странство, како и 68 млади автори.
Во категоријата на млади автори , меѓу седумте наградени се најде и ученичката Златка Петрова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија под менторство на професорката Бисерка Макревска за песната „Згасната светлина“.
Ја запрашавме младата поетеса од што била инспирирана кога ја напишала оваа песна. Таа ни кажа: „Темата на мојата песна е поврзана со ненадејната смрт на мојот дедо и начинот на кој јас се разделив од него. Во стиховите се испреплетени моите чувства преку кои ја доживеав таа тешка разделба со него, бидејки бевме многу поврзани.“
Манифестацијата ќе се одржи на 10 јули во 14 часот, во манастирскиот комплекс „Св. Недела“ во с. Оровник, на 15 минути или 10 км од Охрид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *