УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „БОГДАНЦИ“ СО ПЕШАЧЕЊЕ СЕ „БОРАТ“ ПРОТИВ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД СИТУАЦИЈАТА.

WEB Телевизија во живо

Создава ли пандемијата нова генерација млади со посебни карактеристики, дали пропуштените две години од клучниот период на социјализација резултираат со зголемен страв, неизвесност и можност за психолошки последици? Младите, пред сѐ на возраст од 16 до 19 години, се едни од најпогодените категории луѓе од светската пандемија. Карантините, социјалната дистанца, неможноста за физички контакти создаваат нова генерација млади, кои, според истражувањата, се склони кон депресија, алкохол, дрога, деструктивност.
Затоа, за да го превенираат сето ова, учениците и професорите по спорт од СОУ „Богданци“ често реализираат активности на отворено. Така, пред некој ден тие пешачеа до Ветерниот парк крај Богданци и поминаа во природа неколку часа. Ова е веќе трета нивна аваква активност, откако на 14 и 17 мај пешачеа до браната „Паљурци“ и до Стрелиштето „Богданци“, како нивна „борба“ против последиците кои ги остава „онлајн“ наставата од дома

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *