ТРЕТО МЕСТО ЗА ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, ЧЛЕНКА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“, ВО ИСЦРПУВАЧКИ ТЕШКАТА ТРКА „PELISTER ULTRA-TRAIL 2021“

WEB Телевизија во живо

Валентина Узунова, член на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија истрча денеска уште една екстремно тешка трка на второто издание на „Пелистер ултра – траил 2021“ која се одржа во Националниот парк Пелистер. Таа го освои одличното трето место, во генерален пласман, на 45 километри, со висинско искачување од 2820 метри, со резултат 8 часа 47 минути и 11 секунди. По трката, Узунова ни изјави кратко дека оваа трка била брутално сурова, тешка и исцрпувачка, но, сепак таа била психички добро подготвена, успеала да ги издржи сите предизвици и да стигне на целта. И ова трето место Валентина им го посвети на сите заболени од ретката болест Пулмонална хипертензија.
На двете трки, на 18 и 45 километри, оваа година учествуваа 242 атлетичари од Македонија, Данска, Германија, Словенија, Велика Британија, Швајцарија, Чешка, Албанија и Косово.
Pelister Ultra-Trail е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот БОФ Битола. Патеката е со старт од Ски центарот Нижополе и спуштајќи се до с.Нижополе патеката продолжува да ве носи во срцето на Националниот парк. Преминувајќи од другата страна на планината патеката минува низ длабоката Моликова шума се до самиот врв на Баба планина на 2601 метар висина, од каде продолжува до добро познатото Големо Езеро. Спуштањето оваа година беше по река Сапунчина преку местото викано Орлови Бари па се до целта во ски центарот Нижополе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *