СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОКЕАНИТЕ ПОД МОТОТО „ ОКЕАНИ : ЖИВОТ И ЕГЗИСТЕНЦИЈА“ СЕ СЛАВИ ДЕНЕСКА ВО СВЕТОТ ВИРТУЕЛНО

WEB Телевизија во живо

Тие се белите дробови на нашата планета и ни даваат најголем дел од кислородот што го дишеме, тие се главен извор на храна и лекови, силно влијаат на климата и се суштински дел од биосферата.
На Светскиот ден на океаните, јавноста се запознава со влијанието на човековата акција врз морињата и океаните, се повикува на поактивно вклучување во глобалното движење за заштита на океаните и се мобилизира на проекти за одржливо управување со светските океани.
Светскиот ден на океаните се слави со цел да се подигне свеста за многу важната улога што ја играат океаните во нашето секојдневие. Овој ден е исто така можност да се запознаеме и откриеме богатството на разновидните живеалишта на океаните и да се подигне свеста за нашето влијание во однос на охрабрувачките промени во ставовите кон океаните и морињата. На крајот на краиштата, ова е ден кога заедно ја славиме убавината и богатството на морињата и океаните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *