СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ СО ТИХОМИР КОСТАДИНОВ, МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПО ПОТЕКЛО ОД МИРАВЦИ

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска оствари средба со Тихомир Костадинов, македонски фудбалски репрезентативец, кој настапи на историскот за Македонија, прво Европско првенство во фудбал, кое се одржува во повеќе градови во Европа. На средбата, Костадинов зборуваше за импресиите од ова првенство, за чувството да се слуша македонската химна од грлата на 4.000 навивачи пред натпреварот со Австрија, за првиот гол на Европските првенства, кој го постигна Горан Пандев, за прошталниот натпревар на нашиот капитен, како и за пропуштената можност Македонија да оствареше прва победа на Евро 2020.
Градоначалникот Поцков, подарувајќи му на Костадинов реплика на артефакт од Вардарски рид, истакна дека самиот настап на едно Европско фудбалско првенство, ги наполни срцата на сите љубители на фудбалот во Македонија, и му посака успех во неговата натамошна кариера.
Инаку, македонскиот интернационалец веќе извесно време одлично се носи со предизвиците во словачкиот тим, Ружомберок и е дефинитивно најдобриот играч на клубот, па и не треба да изненади што го достигна и статусот на сениорски репрезентативец. Дефинитивно тимот на Ружомберок ќе се обиде летово да ја наплати добрата и пред се репрезентативна форма на нашиот Тихомир Костадино, и да го испрати во некоја далеку поквалитетна фудбалска средина, се разбира со пристојно обештетување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *