СНЕЖАНА КАТАРОВА, ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК ПО МАКЕДОНСКИ:ИНТЕРЕСОТ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО СЛОВЕНИЈА, ОД ГОДИНА ВО ГОДИНА СЕ ЗГОЛЕМУВА

WEB Телевизија во живо

По повод завршувањето на учебната 2020/21 година, на учениците кои ја посетуваа дополнителната настава на македонски јазик во Нова Горица и Ајдовшчина , амбасадорката на Македонија во Словенија, Сузана Зеленковска, заедно со одделенскиот наставник Снежана Катарова, им додели потврда и училишен прибор. Настанот беше организиран од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија и Македонското Културно Друштво ,, Охридски бисери” од Нова Горица.
Како што ни изјави Катарова, интересот за изучување на македонскиот јазик во Словенија, секоја година се зголемува. Моментално имам запишано 60 ученици во седум словенечки училишта. Интересот секоја година се зголемува. Регистрирани има 25.000 Македонци во Словенија , но бројката е поголема .
Инаку, пред три години Снежана Катарова, одделенски наставник по македонски јазик, реши да ја напушти родната Гевгелија и да се пресели во Словенија. Имаше среќа и во новата средина да продолжи да го работи тоа што најмногу го знае – да ги учи децата македонски јазик. Денес таа е единствената наставничка која одржува факултативни часови по македонски, за 60 ученици во седум словенечки градови. и тоа Копер, Нова Горица, Ајдовчина, Дивача, Козина-Хрпеље, Љубљана и Крањ
Во пет работни денови таа мора да патува во седумте града каде што има дечиња, Македонци и Словенци, кои сакаат да ги научат македонскиот јазик и култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *