САШО ПОЦКОВ: НЕКА СПАСОВДЕН НЕ ПОВЕДЕ КОН ПОДОБРА ИДНИНА

WEB Телевизија во живо

„Нека ни е честит празникот Спасовден кој го означува Христовото вознесение. Нека Свети спас ни донесе здравје, благосостојба и разбирање. Нека Спасовден и натаму ги штити сите граѓани на Општина Гевгелија и не води кон подобра иднина“ истакна во својата честитка по повод Спасовден-Заштитникот на Гевгелија, градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, на синоќешното отворање на манифестацијата „Спасовден 2021“. Честитајќи им го празникот на своите сограѓани, Поцков изрази задоволство што традицијата за одбележување на големиот христијански празник – Спасовден и Заштиникот на Гевгелија, продолжува.
-Иако, се уште во услови на пандемијата од Ковид 19, и годинава го одбележуваме овој голем празник, се разбира, според протоколите, со неколку значајни културни настани. На тој начин го збогатуваме чевствувањето на празникот, кој од секогаш привлекувал голем број гости. Дозволете ми да ги поздравам и да се заблагодарам на сите учесници во културните настани, кои наредниве денови ќе го збогатат празнувањето на Христовото вознесение – Спасовден, рече Поцков и притоа изрази надеж дека наредниот Спасовден, Гевгелија повторно ќе заживее, а граѓаните ќе се радуваат и празнуваат, славејќи го патронот на градот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *