САШО ПОЦКОВ:ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ИЗМИНАТАТА УЧЕБНА ГОДИНА, НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ИМА УЧЕНИЦИ СО НАМАЛЕНО ПОВЕДЕНИЕ ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ДИГИТАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Задоволни сме од тоа како се одвиваше изминатата учебна 2020/2021 година, со сите потешкотии низ кои поминаа и учениците и наставниците, поради пандемијата која го промени целокупното наше живеење, па и образованието. За сите социјални ранливи ученици обезбедивме дигитални помагала, немаше застој во образовниот процес, а за замена на инфицираните наставници обезбедивме средства од основниот буџет на општината, рече градоначалникот на општина гевгелија, Сашо Поцков во изјава за „ТВ Нова 12“
Тој ги оцени како лажни вести, информациите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, дека има ученици во неколку градови, меѓу кои и Гевгелија, на кои им е намалено поведението поради учество на протестите против дигиталните учебници
Одговорно тврдам, рече Поцков, дека ниту еден ученик од основните училишта во општина Гевгелија нема намалено поведение поради учество на протестите, а доколку има кај некој ученик намалено поведение, тоа е поради изостаноци од електронската настава.
Тој најави дека на наредната седница на Советот на општина Гевгелија, закажана за 28 јуни, со ребалансот на Буџетот ќе бидат издвоени средства за набавка на електронски помагала, иако лично би сакал, од септември, доколку тоа дозволи епидемиолошката ситуација, учениците да се вратат таму каде што им е и местото, во своите училници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *