САШО ПОЦКОВ: МОЖЕН ПРИЧИНИТЕЛ ЗА ГОРЕЊЕТО НА ДЕПОНИТЕ КАЈ СУВА РЕКА И МИЛЦИ Е ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР.ВЕЌЕ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВАМЕ СО ЗАТВОРАЊЕТО И РЕВИТАЛИЗАЦИЈАТА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА.

WEB Телевизија во живо

Одговарајќи на нашето прашање за причините за горењето на депонијата кај Сува река, но и на депонијата кај Милци, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков истакна:
Секоја година го имаме истиот проблем. Причини може да има две, самозапалување, поради составот на отпадот, или човечки фактор. Во последниот случај, мислам дека е ова второто, бидејки на подрачјето околу Сува река престојуваат лица кои собираат отпад, како стакло, пластика и железо, а кои го немаат регулирано својот престој во општина Гевгелија. Нашиот комунален инспектор беше на терен и изврши информативен разговор со овие лица а во врска со регулирањето на нивниот престој во општината. Во меѓувреме, гасењето го вршевме со помош на цистерна од ТППЕ од Гевгелија и градежна машина на ЈПКД „Комуналец“
Се надевам дека со дислокација на депонијата кај Сува река, како и поставување рампа кај депонијата на Милци, овој проблем ќе биде засекогаш надминат.
По објавениот јавен повик за затворање на депонијата кај Сува Река, како најповолна беше избрана понудата на фирмата BUILDING DEVELOPMENT HOLDING LTD Sofija Bugarija. Договорот меѓу бугарската фирма и ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија веќе е потпишан, претставниците од оваа фирма и консултантот вчера беа на разговори во ЈПКД „Комуналец“ и, според договореното, наредната недела изведувачот ќе ги започне работите за затворање и ревитализација на оваа депонија кај Сува река, која се изведува со средства од 420.000 евра, останати од грантот за Пречистителната станица.
Штом ќе започне дислокацијата на отпадот од Сува река, ЈПКД „Комуналец“ собраниот отпад од општината ќе почне да го складира на Новата депонија кај Конско која изминатиот период, ја обезбедивме со струја и вода, а и нанесовме песок врз дел од заштитната прекривка-геотекстил, со средства од буџетот на општината, иако таа работа требаше да ја заврши изведувачот кој ја изгради Новата депонија.
Веќе ја поминаа обуката за постапување со отпад дел од вработените од ЈПКД „Комуналец“ кои ќе работат на Новата депонија, и со тоа сметам дека овој проблем со палењето на депонијата, граѓаните на општина Гевгелија повеќе ќе го немаат. Согласно објавениот повик и потпишаниот договор, изведбените работи ќе започнат со изградба на уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува Река. По третирањето на комуналниот отпад на оваа дива депонија, истиот ќе се покрие со заштитна прекривка-геотекстил, врз која ќе има тампон од песок и земја. Исто така, предвидена е и изведба на резервоар, каде би се собирал исцедокот од прекриениот отпад. По ова, по целата површина од депонијата ќе биде засадена трева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *