РК „МЛАДОСТ 1977“ ОД БОГДАНЦИ ЌЕ ИГРАА НА „ФАЈНЛ 4“, МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИ ТИМА ВО МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА КАДЕТСКА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

Кадетите на РК „Младост 1977“ од Богданци се пласираа мегу најдобрите четири тима во Македонија. Младите ракометари остварија голема победа во дербито против Тиквеш со 19-11 (9-4) и ќе разигруваат за титулата шампион на Македонија во кадетска конкуренција. Тие во групата А од четири натпревари имаа исто толку победи. На 30.06.2021 година РК Младост 1977 ќе разигрува за титулата шампион на Македонија каде за противник во полуфиналето ќе ја има кадетската екипа на европскиот шампион РК Вардар 1961 Скопје
Стрелци на головите за Младост 1977 против Тиквеш беа : Каркалашев 5, Чрчев 3, Ѓуриќ 3, Николоски 3, Наумовски 2, Гогов 2, Попов 1,, додека голманот Демерџиев имаше 12 одбрани
Богданци има за што да се радува,, РК Младост 1977“ има иднина, регионалниот проект со играчи од ракометните школи во Богданци, Дојран и Валандово дава веќе резултат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *