ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ГЕВГЕЛИЈА: ВО ПОЛИКАСТРО, РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА, ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА ДАВЕНИК. ЌЕ СЕ ПРАВИ ДНК АНАЛИЗА ЗА ДА СЕ УТВРДИ СО СИГУРНОСТ ДАЛИ ПРИПАЃА НА ИСЧЕЗНАТИОТ ИНСПЕКТОР ИЛИЈА МИНОВ.

WEB Телевизија во живо

Телевизија Нова 12 денеска побара информација од ОЈО Гевгелија, а во врска со случајот на исчезнувањето на инспекторот во УЈП Гевгелија, Илија Минов. Како што е познато, 59-годишниот Минов последен пат беше виден во утринските часови на 29 март 2021 година облечен во зелена јакна, плави фармерки, црни кондури и шалче кафеаво со црни риги, а неговиот автомобил беше пронајден на брегот на реката Вардар. Од страна на ОВР Гевгелија тогаш беа преземени сите расположливи мерки и ресурси за пронаоѓање на телото со вклучување на хеликоптер, кучиња трагачи и нуркачка екипа од специјалната единица на МВР но за жал со негативен резултат. Преку Интерпол за случајот беше известена грчката полиција и сите служби на граничните премини Богородица и Евзони кои исто така беа вклучени во потрагата по исчезнатиот гевгеличанец
ОЈО Гевгелија информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во Република Грција, во Поликастро, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на давеник, кое е можно да му припаѓа на исчезнатиот Илија Минов.
Од страна на неговата сопруга, која веднаш заминала за Поликастро, било извршено препознавање на делови од облеката и обувките, а кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот Минов.
Но, како што информираат од ОЈО Гевгелија , за да се утврди дека се работи за Илија Минов, потребно е по меѓународните протоколи, преку нашето Министерство за правда, да се направи споредбена ДНК анализа, за да со сигурност може да се потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *